Branko Cvetkoski (Бранко Цветкоски)
ВОДОДЕЛНИЦА
Idioma: macedonio
Traducciones:
inglés (WATERSHED)
ВОДОДЕЛНИЦА
Со судбински ритам
Ги полни изброените листови
Напредува
Ракописот
На ненапишаната книга
Во мене
Пладнува ангелот што голта
Мисли и мастило
Меѓу двете рамни половини
На животот
Се крева неговата тешка рака
О Господе
Зад видикот и зад видот
Пушти ми пламенче што не се докинува
За свеќата стројна
И последна
Капка по капка да се залојам
Во ѕвездената делта
Во неприсутноста
Озарен одново да излезам од темната зора
Да ѕирнам
Како испишува на смртта
Краснописот