Branko Cvetkoski (Бранко Цветкоски)
СЕ ГЛАСИ НЕБЕСНИОТ РОГ
Idioma: macedonio
Traducciones:
inglés (THE HEAVENLY HORN IS HEARD)
СЕ ГЛАСИ НЕБЕСНИОТ РОГ
Се зори, збувнува лебот
се одвиткува златниот појас
во книгата на пророците
и свеќниците задремале
во Откровението
и крадецот слегол
во црквата, во Сард.
Знам дека обитуваш
во книгата на живите
дека здивкаш и во гласот
на глотното семе,
во стисокот на клучот,
во врелата корка
над чистата неизвесност
што нè крева.
Се зори, збувнува лебот
се гласи небесниот рог
од празните места на ракописот
невидлива рака ги собира
восокот и печатите...
Иде, иде белиот коњ