Vlada Urošević (Влада Урошевиќ)
ПРЕДЕЛИ НА НЕСИГУРНОСТ
语言: 马其顿文
翻译:
德文 (Unsichere Landschaften)
ПРЕДЕЛИ НА НЕСИГУРНОСТ
Планини што страдаат од вртоглавица.
Езера што панично се плашат од облаци.
Камења што од долго стоење стануваат меки.
Птици што лазат низ подземни ходници.
Пејзажи во кои грмушките се доближуваат едни до други.
Пејзажи во кои куќите се оддалечуваат едни од други.
Рамнини во кои џиновски лилјаци ги гонат осамените дрвја.
Реки што долго се премислуваат пред своето устие.
Мочуришта во кои тонат сенките на минувачите.
Шуми што долетуваат ноќе со меки кадифени крила.
Соѕвездија што постепено се селат во други краишта.