Vlada Urošević (Влада Урошевиќ)
ПЕЈЗАЖИ НА ЖЕСТОКОСТА
语言: 马其顿文
翻译:
德文 (Grausame Landschaften)
ПЕЈЗАЖИ НА ЖЕСТОКОСТА
Спарување на локомотиви со булдожери пред претшколски деца.
Јавно камшикување на мртвите птици.
Ставање на белутраци под јазикот на морето.
Убивање на малите ридови во присуство на планините.
Пуштање на тенкови во полиња со јагоди.
Каменување на статуи по спортските игралишта.
Осветлување на љубовните постели со рефлектори.
Ширење на ледници по скалите на станбените згради ноќе.