Bogomil Gjuzel (Богомил Ѓузел)
КАРАЃУЗЕЛ
语言: 马其顿文
翻译:
德文 (Karagjuzel)
КАРАЃУЗЕЛ
1.
Тишина!
Да ги накитиме коњите
за тивкиот мегдан на убавината
Мегдан ли?
Јас сум мегдан.
2.
На врвот од копјето
креснува ѕвезда
Срце крадечко
Друго срце нема
не постои
О војно на ѕвездите
што ги крадам.
3.
`Ржењето ги урива темелите
небото се дави
Коњу однеси ме од овде
дур е време