Bogomil Gjuzel (Богомил Ѓузел)
ИНВОЛУЦИЈА
语言: 马其顿文
翻译:
德文 (Involution)
ИНВОЛУЦИЈА
Мислиме дека сме актери на сцена
па затоа везден се караме
кој кого игра и кој што е
но што ако таму во мракот
зад осветлената рампа
нема никој и ништо да ја гледа
нашава гротеска, не драма?
А ние, еве, очекуваме
аплауз
Па и едно „Уа“!
е подобро
од штамава