Branko Cvetkoski (Бранко Цветкоски)
СНАИТЕ ОД ЗЕМЈА
СНАИТЕ ОД ЗЕМЈА
Жените од мојот крај
Сите снаи од земја
Од мојот предел
До посмртната слика на стопанот
На мермерот мазен
Нарачуваа
Да се издлаби место
За нивниот лик
Со страв да не ги заречат
Преостанатите години виделина
Ми велеа
Дека со тоа го вестат
Скорешното заминување
Кај пресниот вдовец
На оној свет
Некои долго живееја
Во години на печал
Некои со прикриен повтеж
Боготвореа нови светци
До последниот ден
На големите празници
По долг и тежок пост
Снаите од земја од мојот предел
Со прецутена страст
Ги припиваа лицата
Во издлабената елипса на мермерот
И во најубава руба
Влегуваа да запалат голема свеќа
Аловиот образ да го покажат
Пред иконите