Nataša Sardžoska (Наташа Сарџоска)
ГЕОГРАФИЈА НА СЛОБОДАТА
jezik: makedonščina
Prevodi:
nemščina (GEOGRAFIE DER FREIHEIT)
ГЕОГРАФИЈА НА СЛОБОДАТА
се кршат копјата на тишината
влеани падини со верба и надеж
заминуваме одјавени од безначајни хотели
неопределени и празни
пораки втонати во искон пустински
шумолиме опустошени од копнеж
разулавени од бол и бес
планински сртови
боси по нив чекориме
се бодеме со жива сила
оддалечени сигнали
оттуѓени од жариштето
на шумите диви
на сите случувања
на сиот свет
им го враќам клучот на рецепција
кога го голтам
сето неиз’ртено
неспогодено
неодложно
твоето
семе.