Bogomil Gjuzel (Богомил Ѓузел)
ВЕЖБА ЗА ДИШЕЊЕ
Язык: македонский
Переводы:
немецкий (Atemübung)
ВЕЖБА ЗА ДИШЕЊЕ
Отфрлив
и ме отфрлија
на 40 години да станеш Робинзон
е сепак нешто
И уште треба да се отфрла
од себеси, од другите, од светот
Да се создаде празен простор
не е баш лесно
да се оградиш
не со ѕидови туку со филтри -
да го истуркаш сиот воздух од градите
и да издржиш така колку што можеш
да бидеш центар во циклонот
за - кога ќе се втурне ветрот
жеден по вакуумот во тебе -
да успеат низ ситата да влезат
само неколку нешта
можеби поезија
Само така ќе го просееш светот