Nataša Sardžoska (Наташа Сарџоска)
ДИШАМ
Язык: македонский
Переводы:
немецкий (ICH ATME), английский (I BREATH), испанский (Respiro), итальянский (RESPIRO)
ДИШАМ
се отворам како пора за да ја вдишам
светлината на твоите очи
од твојот здив
тешкиот ден загубен во превртените сводови
на алово-пурпурната плот
на небото што веќе не постои
ја завршувам доцна мојата чаша вино
очи ширум отворени
кармин на чашата
те голтам
те разлевам во клетките
те сеам по улиците
те насетувам на моите потпетици
во трубата во лифтот од еден град што не постои
сама
со тебе дишам