Eftim Kletnikov (Ефтим Клетников)
ТУЃИНЕЦ
língua: macedônio
Traduções :
alemão (Der Fremde)
ТУЃИНЕЦ
Пред нашата врата стои
туѓинец со смрзнат сурат.
Не носи вино и пламен
тој во бокалот,
туку пепел.
И молчи прагот сит од болка
ни дава знак да останеме дома.
А ние треба да излеземе
за да крстиме и венчаме,
да го поставиме во светлина,
темелот на името
и да го закрепнеме
со благослов и песна.
Не чека со столетија
Света Богородица во олтарот
и сакаме да го изговориме
за себе името
на работ од усните,
ама зборот се заглавил меѓу непцата
и расте молкот како карпа
за да ја потпре вратата
пред темниот наум на туѓинецот.