Eftim Kletnikov (Ефтим Клетников)
НЕНАЧНАТА СИЛА
língua: macedônio
Traduções :
alemão (Die unangerührte Kraft)
НЕНАЧНАТА СИЛА
Не се такви како што мислиме.
Неначната сила се мртвите.
Ружата што се осмели
да појде заедно со нив на пат
се враќа секоја пролет
да сведочи за тоа
а потоа, замаглена од проѕирен спокој,
заминува на венчавка кај младоженците.
Длабока е чашата на мртвите.
Понекогаш врз сртот на нашата ведра свест
ќе се искачи таа за миг
и ќе блесне полна со вечност.
Како пупка храбро тогаш,
тешко од сон и злато
се отвора битието
во пресрет на судбината.