Zoran Anchevski (Зоран Анчевски)
ЧИТАЊЕ
ЧИТАЊЕ
Веќе не читам книги
туку знаци за општа и лична опасност,
parole-и и изборни плакати,
политички и вински карти,
ѕвезди и планети на позлатени еполети,
имиња на ’рѓосани куршуми...
...читам судбини
крвави и м(р)ачни
на сите ф(р)онтови
од оваа ампутирана
балканска дланка
изб(р)аздена
од ровови и гробови
селски маки
и ме(н)тални погроми...
... со чепорошки и висоци
откривам политички текови
и подземни анархо-стерни,
со ашици, черупки и коски
претскажувам смени на влади,
градба на пирамидални клади
на кои душите ги полижуваме,
сиромаштијата ја вложуваме
за високи камати,
па шетаме ко шупливи школки
сè тики во круг,
еден-по-друг, еден-до-друг,
еден за сите - сите за никаде,
на крајот од овој век,
во залезот на историјата,
на раѓањето од трагедијата...
Колку болно заоѓа ова балканско сонце
и крвави кралски!