Vera Čejkovska (Вера Чејковска)
ТЕКСТОВИ
ТЕКСТОВИ
страстни и алхемиски усни меѓу ѕвездите.
тој, првобитните огнови и дивеења.
Здивените слики го оголија погледот:
првото рамниште се продлабочи во мали
црни јами над градот, тајни облици на
звучните вериги. Кога ги плодиме
небесните нежности: глуварките,
кревките мевца... Тие неродени деца на
среќата невидливи господари на гласните и
светлосните чудности сите
спознајни вознеси ги носат отсуствата
како бисерни мостри врежани во здивот.
Бевме слепи и сиромашни кога клечевме пред
сводот.