Nataša Sardžoska (Наташа Сарџоска)
НА РАБОТ НА СВЕТОТ
langue: macédonien
traductions:
allemand (AM RANDE DER WELT)
НА РАБОТ НА СВЕТОТ
твоите очи се сретнаа во моите
земјата затрепери
се затресоа дланките
се стресоа и твоите прозорци
кожата се привлече
се развлече твојата уста
ми ги плукна сите мориња
додека во мојата патиштата се друсаа
и за прв пат земјата лебдеше над небото.