Истины

Я хочу рассказать тебе простые истины,
Открыть тебе важные вещи.
Всегда открывай двери, входи в лифты,
Поднимайся на этажи, проходи по коридорам.
Всегда садись в машины, заводи двигатель,
Если зима, подожди, пока он прогреется.
Всегда трать деньги, но понемногу
И только изредка трать все, что под рукой.
Летом будет лето, осенью будет осень,
Не тушуйся, не делай ничего, от чего тебе тошно.
Девочки станут девушками, а потом ты заметишь
Их, переходящих улицу за руку с малышами.
Мужчины будут хмуро прикидывать возможности,
А потом действовать по обстановке и часто ошибаться.
Правительства созданы, чтобы падать,
Корабли – чтобы проплывать под мостами.
Но тем не менее огни на том берегу реки
Никогда, представь себе, никогда не погаснут.
А если они всё-таки прекратятся, собери сумку,
Не бери лишнего и покинь город как можно скорее.
Приедешь в новое место, осмотрись, прислонись к дереву,
Можешь закурить, если куришь, постоять, подумать.
Видишь, и здесь пьют вечером чай, а по утрам кофе,
Ругают мэра, ждут перемен к лучшему.
А если есть река, и на той стороне видны огни –
Значит, есть за что зацепиться.

© Sergej Timofejev
Producción de Audio: Haus für Poesie, 2019

Вистини

Сакам да ти кажам некои едноставни вистини,
Да ти откријам некои важни работи.
Секогаш отворај ги вратите, влези во лифтот,
Качи се горе, шетај по ходници.
Секогаш кога ќе седнеш во автомобилот, стартувај го моторот,
Ако е зима, почекај, нека се загрее.
Секогаш троши пари, но по малку,
И само понекогаш потроши сè што имаш под рака.
Лете ќе биде лето, наесен ќе биде есен,
Не збунувај се, не прави ништо што ти паѓа тешко.
Девојчињата ќе станат девојки, а потоа ќе ги забележиш
Како ја преминуваат улицата со дечиња фатени за раче.
Мажите намуртено ќе си ги проценат шансите
А потем ќе постапат според околностите и често ќе згрешат.
Владите се создадени за да паѓаат,
Бродовите — за да отпловуваат под мостовите.
Сеедно, светлата од другата страна на реката
Никогаш, замисли си, никогаш нема да згаснат.
А ако, сепак, го сторат тоа, спакувај си ја торбата
Само со најважните работи и веднаш напушти го градот.
Кога ќе пристигнеш на ново место, погледни наоколу, потпри се на дрво,
Можеш и да запалиш, ако пушиш, постој, помисли се.
Гледаш, и овде навечер пијат чај, а наутро кафе,
Се ругаат со градоначалникот, чекајќи промени кон подобро.
И ако има река и се гледаат светла од другата страна —
Значи има за што да се фатиш.

Препев од руски — Јулијана Величковска
Сергеј Тимофеев. Шумата почнува тука. — Скопје : ПНВ публикации, 2020.