Утро в стране интровертов

Негромко лает собака
на проезжающего на велосипеде.
Сдержанно портится погода
и рассыпается сарай.
Ночные птицы слегка критичны
по отношению к чудесам утра.
Солнце не может вспомнить,
до какой точки всходило вчера
и старается взять чуть ниже.
Дети просыпаются раньше всех
и читают свои книжки,
чтобы не будить взрослых.
Вода из крана льётся скромно,
не брызжет и почти сразу исчезает в стоке.
Еле-еле движутся тени ёлок и сосен.
Кто-то намазывает бутерброд тонким слоем масла.
По радио «Классика» передают интервью пианиста,
который на всё отвечает «да» или «нет».
Зато играет он очень точно,
с небольшими уверенными паузами.

© Sergej Timofejev
Producción de Audio: Haus für Poesie, 2019

Утро во земјата на интровертите

Кучето тивко лае
по велосипедистот што поминува.
Воздржано, времето се влошува,
и шталата се распаѓа.
Ноќните птици се едвај критични
кон величественоста на утрото.
Сонцето не може да се сети
до која точка се искачило вчера,
па цели малку пониско.
Децата се будат пред сите други
и ги читаат своите книгички
за да не ги разбудат возрасните.
Водата скромно тече од чешмата,
не прскајќи и речиси веднаш губејќи се во одводот.
Сенките на елите и боровите едвај се придвижуваат.
Некој мачка лепче со тенок слој путер.
Радиостаницата „Класика“ емитува интервју со пијанист,
кој на секое прашање одговара со „да“ или „не“.
Но, затоа, мошне прецизно свири
со куси, самоуверени паузи.

Препев од руски — Јулијана Величковска
Сергеј Тимофеев. Шумата почнува тука. — Скопје : ПНВ публикации, 2020.