Vera Čejkovska (Вера Чејковска)
ЗНАЦИ НА УМНОЖУВАЊЕ
ЗНАЦИ НА УМНОЖУВАЊЕ
и стрипот наликуваше на некои одамна познати
постапки на оголување, луштење и осржување на
изразот до цврсто, незаемодејствено поле.
но, видението на градовите како системи
совршени оцрти во вечна свеченост на еден
апсолутен, празен, простор се брише.
Денес, јас ги памтам пресните простори од
неговите раце. подемите на
околината.
меурчињата во чашите млеко. свилените лачи.
коричките зора во очите... јатата млади
црвеношијки... што се
спојуваа...
сенките на плоштадот го лижеа пурпур сонцето,
а кога и прозорците станаа јазик,
нашите јазици се извија во огнени преоди
во длабоки, неочекувани неба.