Mihail Rendžov (Михаил Ренџов)
А ЗЕМЈАТА ТИВКА, ТИВКА
Idioma: macedonio
Traducciones:
alemán (Und die Erde, still still)
А ЗЕМЈАТА ТИВКА, ТИВКА
Плови коработ, а небото сестра предобра
А ноќта мајка ангелска
И во неа тивко, тивко како пред смрт.
Отвори ги тајните двери далечен Гласу
Доаѓа тоа дално претсказание.
Плови коработ, а небото немушто
Во воздухот слика жалобна
Да се сокријам не можам.
Отвори ги тајните двери далечен Гласу
Чувствувам простор на несетена светлина.
Плови коработ и небото со него
Над ѕвездите ангели во занес
А земјата тивка, како пред смрт.