Bogomil Gjuzel (Богомил Ѓузел)
ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА СЕ НАДОВРЗАМ
ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА СЕ НАДОВРЗАМ
Се обидуваме да напишеме книга-закон
во која сè ќе биде кажано
уште пред нешто да може да се случи -
да ја пробиеме трасата на мравката и слонот
да ги одредиме координатите на мувата во лет
да го измериме на кантар со туч трудот на трутот
- но зошто медот одеднаш ни згорчи
(небаре пчелата имала потреба од љубовник-неработник)
и зошто капкана дожд, што, лизгајќи се по џамот
требаше да падне точно во канчето,
се здружи, еве, со другите во непослушна бразда
и не само што измрда од линијата
туку се слеа со другите во порој
што скока преку сите брани и канали
ми понесе мравки и слонови
и сите наши сламки и мамки
за да го фатиме дивиот зајак на стварноста
во мигот на парење со иднината...
Под итно треба да се напише нова книга