Eftim Kletnikov (Ефтим Клетников)
ТОЈ ПРОВЕВ КОСМИЧКИ
Language: macedonian
Translations:
german (Dieser kosmische Wind)
ТОЈ ПРОВЕВ КОСМИЧКИ
На Фимка
Тој провев космички
што тупа во нас
ѕвезди и слана
ни го наразува битието
и пие лакомо вино
од кладенецот на нашата рана.
Лешникот има мудрост
да го спречи тоа.
Уште во мислата на пупката
како тврдина спокојно
зрее оклопот негов,
јатката нежна ја брани
од налетот див
на просторот и времето
од сите четири страни.