Zoran Anchevski (Зоран Анчевски)
СУДБИНА
СУДБИНА
Како морнар
на крајот од историјата,
во окото на историјата,
во папокот на светот
што вири крв
и ја шири,
врзан за јарбол
на овој балкански брод
што ниту тоне, ни плови,
сиот уво незапечатено сторен
го слушам појот на сирените
што предупреда е за воздушен напад
го слушам татнежот на брановите
што безглаво јуришаат
ко кучиња дрчни
и плескаат по овој познат -
непознат брег,
гризнат...
Тогаш знам:
струите подводни, светски,
незапирливо натаму нè носат:
од Скила и Харибда
кон прегратките на Европа безочна
што ко Кирка дрочна
свињи прво сака да нè стори
да нè фрли во калта од кочината балканска
и со помија да не храни
да си тера како што и` годи
за потем,
за малку барем да нè удостои,
да ужива во нашите херојски епови и оди.