Vlada Urošević (Влада Урошевиќ)
ПАНИЧНА ПЛАНЕТА
Sprache: mazedonisch
Übersetzungen:
deutsch (Panischer Planet)
ПАНИЧНА ПЛАНЕТА
Земјени брани чии чувари ги хранат кртовите наоколу.
Пожарникарски коли што вљубенички се фрлаат во вулкани.
Возови без прозорци и врати во кои се возат слепи патници.
Отстрел на ѕвезди-преселници од државните опсерватории.
Езера затворени во кафез и набљудувани од воздух.
Продавачки на порцелан обвинети поради земјотреси.
Планини што бавно но сигурно се доближуваат кон градовите.
Морски приливи и одливи како дишење на болен.
Паника во киносалите во кои се прикажува милион пати
зголемена ружина латица.