Katica Kulavkova (Катица Ќулавкова)
МРАВКИ
МРАВКИ
Години-гадинки минаа
куќата откако ми ја зазедовте
тихум, но корка леб ко на срце
се најадовте, се напоивте
од лазење пожолтевте
карактерот си го изостривте
ни од крстот уплашени
ни од ѓаволот.
Што пат изодивте
меѓу ѕидови
од пукнатинка до пукнатинка
од светло на морно
што рода изгубивте
што зборој проголтавте
на отров не се наситивте
се навикнавте
здивевте
друг дом не посакавте!
Боцкате со револт на малите
и неистребливите
полни мравја киселина
зелен јад, јад-бог
за да ги бележите јасно
патиштата кои треба да се заборават.
Направете грешка
на рамнодушје поучете се
од заглавјето подистајте ми се
оставете ме, преселете се
и онака кај и да сте
пожелни не сте!