Katica Kulavkova (Катица Ќулавкова)
ХРОНОС [2]
ХРОНОС [2]
-беседа-
2. Завист, Сатурне
Се впикуваш во сè, насекаде
и во живо, и во мртво
јадливо, отровно
на сон ми доаѓаш
каде не, кога не
и покрај сè - молам да те видам.
Ѓаволу волшебен, опсесијо!
Опсесијо моја, време
се навикнувам на тебе
се навикнувам на себе
па почнувам и јас,
налик на владетел семожен
да мислам. Да се умислувам.
Наоколу карти, божества, хороскопи
слики, книги, мемоари
пресметки, математики, хронометрии
ти стануваш појдовна точка за сè
да може да се сложи
ти си ѓаволски склоп
структура на структури
Време, Литературо
покажи ми ја темната страна
вишокот, несводливоста
хроничната невидливост
нашата обострана завист.
Завист, Сатурне
погрешно разбран, недоразбирањето
почеток е на драмата: