Nikola Gjelincheski  (Никола Ѓелинчески)
Translator

on Lyrikline: 1 poems translated

from: العربية to: المقدونية

Original

Translation

المجزرة - Massacre

العربية | Ghayath Almadhoun

المجزرة مجازٌ ميتٌ يأكل أصدقائي، يأكلهم بلا ملحٍ، كانوا شعراءَ، وأصبحوا مراسلين مع حدود، كانوا متعبين وأصبحوا متعبين جداً، "يعبرون الجسر في الصبح خفافاً "، ويموتون خارج التغطية، إنني أراهم بالمناظير الليلية، وأتتبعُ حرارة أجسادهم في الظلام، ها هم يهربون منها إليها، مستسلمين لهذا المساج الهائل، المجزرة أمهم الحقيقية، أما الإبادة الجماعية فهي مجردُ قصيدةٍ كلاسيكيةٍ يكتبها جنرالاتٌ مثقفون أحيلوا إلى التقاعد، الإبادة الجماعية لا تليق بأصدقائي، فهي عملٌ جماعي منظم، والأعمال الجماعية المنظمة تذكرهم باليسار الذي خذلهم.
 
المجزرةُ تصحو باكراً، تحمّمُ أصدقائي بالماء البارد والدم، تغسلُ ملابسهم الداخلية وتعدُ لهم الخبز والشاي، ثم تعلمهم قليلاً من الصيد، المجزرة أحنُّ على أصدقائي من الإعلان العالمي لحقوق الانسان، فتحتْ لهم الباب حين غُلِّقتْ الأبواب، ونادتهم بأسمائهم حين كانت نشراتُ الأخبار تبحث عن عدد الضحايا، المجزرة هي الوحيدةُ التي منحتهم اللجوء بغض النظر عن خلفياتهم، لم يهمها وضعهم الاقتصادي، لم يهمها إنْ كانوا مثقفين أو شعراء، إنها تنظر إلى الأشياء من زاوية محايدة، لها نفس ملامحهم الميتة، وأسماءُ زوجاتهم الأرامل، تمرُّ مثلهم على الأرياف والضواحي، وتظهرُ فجأة مثلهم في الأخبار العاجلة، المجزرة تشبه أصدقائي، لكنها دائماً تسبقهم إلى القرى النائية ومدارس الأطفال.
 
المجزرة مجازٌ ميتٌ يخرجُ من التلفزيون، ويأكل أصدقائي دون رشة ملح واحدة.

© Ghayath Almadhoun
Audio production: Literaturwerkstatt / Haus für Poesie, 2016

МАСАКР

المقدونية

Масакрот е мртва метафора која ми ги јаде пријателите, ги јаде непосолени. Беа поети и станаа Репортери со граници; веќе беа уморни, а сега се уште поуморни. ‘Со брз чекор го преминуваат мостот в зори‘  и умираат без телефонска покриеност. Ги гледам низ очила за ноќен вид и ја следам топлината на нивните тела во темнината; ете се, бегаат од неа дури и додека трчаат кон неа, предавајќи се на овој огромен масакр. Масакрот е нивната вистинска мајка, додека геноцидот не е ништо повеќе од класична песна напишана од продуховени генерали во пензија. Геноцидот не е соодветен за моите пријатели, оти е организиран колективен чин, а организираните колективни чинови ги потсетуваат на Левицата која ги изневери.

 

Масакрот се буди рано, ги капи моите пријатели во ладна вода и крв, им ја пере долната облека и им прави леб и чај, па ги учи по малку и за ловот. Масакрот е помилосрден кон моите пријатели отколку Универзалната декларација за човекови права. Масакрот им отворил врата кога сите други биле затворени, и ги викал на име кога дневните извештаи барале бројки. Масакрот е единствениот кој им понудил азил без обѕир на нивното потекло; економските околности не го интересираат Масакрот, ниту пак му е гајле на Масакрот дали се интелектуалци или поети, Масакрот ги гледа работите од неутрален агол; Масакрот ги има истите мртви карактеристики како и нив, истите имиња како нивните вдовици, како нив поминува низ селата и предградијата и како нив ненадејно се појавува во ударните вести. Масакрот личи на моите пријатели, но секогаш пристигнува пред нив во далечни села и училишта полни со деца.

 

Масакрот е мртва метафора која излегува од телевизорот и ми ги јаде пријателите без ниту една ронка сол.

Translated from English by: Nikola Gjelincheski (Никола Ѓелинчески)