Mihail Rendžov (Михаил Ренџов)
РАЗГОВОР
اللغة: المقدونية
الترجمات:
الألمانية (Disputation)
РАЗГОВОР
На Борис Мисирков
Два ѓавола
седнати еден спроти друг:
Гледаш ли?
Праша првиот.
Со која светлина?
Со својата темнина.
Молчиш ли?
Праша вториот.
На кој јазик?
На твојот.
Не те разбирам!
Јас те слушам.
Со која празнина?
Со речта? Или
Со срцето?
Со крвта.
Со крвта.
Одговори вториот.