Nataša Sardžoska (Наташа Сарџоска)
МЕ БОЛИШ
اللغة: المقدونية
الترجمات:
الألمانية (DU SCHMERZT MICH), الأسبانية (Me dueles)
МЕ БОЛИШ
Ме болиш во целото тело
Ме болиш во празнината во градиве
Каде што си ти а јас пак
Не можам да те откорнам
Диво месо кукавички сраснато во секоја клетка
Вирус слеан во секој атом
Орбита на мојата загуба
Ме демнеш од секој агол
Не можам да те одвојам
Од просторот чист
Да пронајдам сонце ново да ми осамне
Во око си ми жигосан
В срце вбризган
В месо зараснат
В кожа вденат
В грло заглавен
Скелет.