Bogomil Gjuzel (Богомил Ѓузел)
КОШМАР
اللغة: المقدونية
الترجمات:
الألمانية (Alptraum)
КОШМАР
Ме буди експлозија во сопствениот дом
станувам и гледам дека сум задремал облечен
а низ прозорецот нешто гори зад куќа
трчам до влезната врата - заклучена
(ме заклучиле однадвор а немам клуч)
пробам да излезам од задниот прозорец
но само среде чадот од соседната куќа што гори
излегувам и викам ПО-МОШ! но никој нема да ме чуе
а на главната улица нема ни сообраќај
само празни коли паркирани и ни жива душа
населбава е изгледа испразнета и градот е пуст
а во општата евакуација ме заборавиле мене
или моја грешка што сум го преспал главниот удар