Nataša Sardžoska (Наташа Сарџоска)
БЕЗВРЕМЕНО ВРЕМЕ
اللغة: المقدونية
الترجمات:
الألمانية (ZEITLOSE ZEIT)
БЕЗВРЕМЕНО ВРЕМЕ
неусогласено чекорам
не се совпаѓам со нивните простори
се кршам самата од себе со брзина на светлоста
ги собираш моите парчиња
јас твоите во мене
во твојот чекор ме наоѓаш
времето-вон-времето лебди
сказалките се кршат
просторот се топи
исправени еден во друг
се слеваме
усвитени низ етерот
заплеткани кожи и коси
твојата плот твојот пол
јас жива вода низ меандрите на забранетата мисла
љубовен заговор кревам над ветрот
додека се вијат над брановите
низ проретчениот воздух
во бистрата прегратка
нашите крилја скршени.