Mihail Rendžov (Михаил Ренџов)
АМФОРА
اللغة: المقدونية
الترجمات:
الألمانية (Die Amphore)
АМФОРА
(Сафо)
Чекавме од неа да излета пауница
Морска птица, сјајна галебица
Чекавме.
Не дочекавме.
Чекавме од неа да излезат златни пајаци
Галии, одисеи, аргонаути
Чекавме.
Не дочекавме.
Чекавме од неа да излезат Воини
Кедрови гори, кипариси, божици, леандри
Чекавме Не дочекавме
Чекавме од неа да издишат ветрови
Морски чудовишта, танчерки и кирки
Чекавме.
Не дочекавме.
На дното и` лежеше само
Тагата на Сафо
Во син тамарис
Престорена.