Katica Kulavkova
You can read this poem in the following translations:
Leviathan: Der weiße Wal (German)
ЛЕВИЈАТАН: БЕЛ КИТ
- пофалба на Моби Дик од Херман Мелвил -
Одмаздата е бел млаз, отровен Жрец Човек не ти е рамен твојот пат, божји прст вперен и прав одек на екваторот заледена душа во топли води одмаздата е млаз, езди на југ! Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...



