Katica Kulavkova
You can read this poem in the following translations:
Ausscheidung (German)
СЕКРЕТ
Од нас ќе остане нашиот изопштен и притаен одливок мал како хаику, како врв мал од што е далеку - како сонце тој жив талог во којшто со време сме се претопувале грч по грч, капка по капка крводарителски. Ќе остане на дното ни жегата ни жедта нема да помогнат да сркнеме од секретот да се плукнеме, назад. Ќе се стаи и она што со цедело по грешка низ пукнатината во којашто еден живот се должи на друг. Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои. Верноста е времена, ах обичаи! Небото, потоа, како опитно огледало ќе се замагли од нашиот топол здив: обичен доказ дека е студено, ладно Дно.



