Liljana Dirjan
Dieses Gedicht liegt in folgenden Übersetzungen vor:
Häuslicher Blues (Deutsch)
ДОМАШЕН БЛУЗ
Меѓу - подај ми вода - исечи леб - кај ми се чорапите таа се извлече невидливо од телото во кујната уште тропаа чиниите и лажиците некој спомна дека јадењето не е доволно солено чкрипеше плакарот во другата соба од радиото испаѓаа вести, посети, делегации и течеше лесна музика надвор беше жежок летен ден таа се сврте наназад и се зачуди колку и` била тесна соблечената кошулка и колку и` беше прозрачна свилата на епидермот и тие мали дамки црвено кафени бодежи што ја чинеа толку налик на пастрмка се оддалечи уште малку стаса скоро до надворешната врата сакаше молчешкум и сите зборови да им ги остави сосе кошулката ама надвор ја зграпчи светлината и и` стана жал, многу жал што не ќе може таму каде тргна да ги изговара гласно имињата на боите



