Vera Čejkovska
Dieses Gedicht liegt in folgenden Übersetzungen vor:
Texte (Deutsch)
ТЕКСТОВИ
страстни и алхемиски усни меѓу ѕвездите. тој, првобитните огнови и дивеења. Здивените слики го оголија погледот: првото рамниште се продлабочи во мали црни јами над градот, тајни облици на звучните вериги. Кога ги плодиме небесните нежности: глуварките, кревките мевца... Тие неродени деца на среќата невидливи господари на гласните и светлосните чудности сите спознајни вознеси ги носат отсуствата како бисерни мостри врежани во здивот. Бевме слепи и сиромашни кога клечевме пред сводот.



